МВР

Претрес во Скопје, пронајдена дрога

02.08.2024 11:31

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје и Одделот за криминалистичка полиција ги лишиле од слобода Н.Ѓ.(26) и С.Ј.(25), двајцата од Скопје.

Вчера во 12.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје и Одделот за криминалистичка полиција ги лишиле од слобода Н.Ѓ.(26) и С.Ј.(25), двајцата од Скопје.

Имено, при извршен претрес по претходна судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, во стан каде престојувал С.Ј., биле пронајдени и одземени марихуана и пари. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.