Врие на Блискиот Исток, закани за Израел
Подготвени сме за секакво сценарио и за одбрана и за напад – одговори Тел Авив по серијата закани од Иран и од милитантните групи. Во телефонскиот разговор, Бајден му ветил на Нетанјаху безрезервна поддршка за еврејската држава.

Блискиот Исток на работ на амбисот. Се усложнува состојбата по убиството на политичкиот водач на палестинската милитантна група Хамас, Исмаил Ханија. Откако врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи побара брза и разорна одмазда, Израел со одговор – подготвени сме за секакво сценарио.
„Израелските одбранбени сили се во состојба на висока борбена готовност, и за одбрана и за напад. Силите на армијата се распоредени во воздух, на мора и на копно и се подготвени за секое сценарио, особено за плановите за напад во најскоро време“, изјави Даниле Хагари – портпарол.
Закани за Израел и од шефот на либанската милитантна група Хезболах. Нусрала вети одговор за убиството на главниот воен командант ликвидиран од израелските одбранбени сили. лидерот на јеменските Хути, пак, го обвини Тел Авив за ексхалација на состојбата на Блискиот Исток и побара одмазда.
„Позициите за тие злосторства во врска со ерусалимската оска, џихадот и отпорот, се јасни: мора да има воен одговор на сериозните злосторства и поради ескалацијата од израелскиот непријател. Има јасни и најавени позиции од исламската република, како и од преостанатиот дел од оската, а во тек се напори за одговор“, изјави Абдул Малек Ал Хути – водач на јеменските бунтовници Хути.
САД стојат зад Израел против сите закани – американскиот претседател Бајден во телефонски разговор со премиерот Нетанјаху со безрезервна поддршката за еврејската држава. Истакнал дека Вашингтон е посветен на безбедноста на Израел против заканите од Иран и терористичките групи Хамас, Хезболах и Хутите. Бајден ја подвлекол и важноста од континуирани напори за деескалација на тензиите во регионот.
Маја Стојанова
