382 патници заглавени во тунелот под Ла Манш

07.07.2014 15:05

Дефект во електричната инсталација во тунелот остави заглавени под Ла Манш 382 патници и стотина автомобили...

Дефект во електричната инсталација во тунелот под Ла Манш предизвика прекин на сообраќајот на возовите „Евростар“.

Стотина патнички автомобили, со 382 патници останаа заглавани под Ла Манш, како резултат на прекин на сообраќајот на возовите „Евростат“ поради дефект во електричната инсталација во тунелот.

Инцидентот со елктричната мрежа се случил во моментот кога композиција, со 382 патиници и стотина автомобили, која се движела од Лондон кон Париз, била точно на половината од 30-минутното патување под морското дно. Патниците веднаш ги напуштиле вагоните и морале да бидат евакуирани, поради што веднаш бил испратен специјалне воз, со кој ќе бидат префрлени до Франција. Нивните автомобили меѓутоа останеле во композицијата која стои заглавена на средината од подморскиот тунел.

Инцидентот се случил утринава во 7,30 часот по британско време и предизвика застој во возењето на „Евростар“ возовите и целосно нарушување на возниот ред.

Екипите за отстранување на дефектот веќе работат во тунелот, но се верува дека истиот ќе може да биде остранет дури во вечерашните часови, па нормализацијата на сообраќајот преку овој тунел може да се очекува во текот на утрешниот ден