ИЈЗ
ИЈЗ: Реагенсите во фрижидерите се функционални
02.08.2024 13:58
Според добиените резултати од анализите, реагенсите во фрижидерите на Институтот за јавно здравје се функционални со што Одделението за бактериологија продолжува со работа....

Според добиените резултати од анализите, реагенсите во фрижидерите на Институтот за јавно здравје се функционални со што Одделението за бактериологија продолжува со работа.
Ова се однесува на тестовите за голема кашлица, на подлогите за култивација на бактерии, антибиотиците и антибиограмите. Од ИЈЗ соопштуваат дека се преземени дополнителни мерки за биолошката безбедност во установата.
Вчера беше утврдено дека комора и фрижидер во Одделението на бактериологија биле оставени без електрично напојување.
