Економија

Фирмите ги почитуваат фискалните обврски

02.08.2024 17:51

Кој затајува данок? Високите казни и честите контроли на инспекторите изминативе години воведоа фискална дисциплина кај регистрираните трговци, хотелските и угостителските објекти. Но, има даночните обврзници, кои не ја употребуваат фискалната каса. Најчесто данок затајуваат сезонските бизниси во туристичките центри...

Колку данок се затајува во туристичките центри во екот на летната сезона. Генерално високите казни и честите контроли на инспекторите изминативе години воведоа фискална дисциплина кај регистрираните трговци, хотелските и угостителските објекти. Но, има даночните обврзници, кои не ја употребуваат фискалната каса. Ретко се издаваат сметки особено на странските гости за изнајмена лежалка на плажа, за купените производи и пијалаци на манифестациите, кај такси превозниците и уличните продавачи на храна кои поседуваат фирма.

Во трката за поголема заработка непочитување на законот најчесто има кај сезоснките бизниси, а хотелско угостителскиот сектор се соочува со нелојална конкуренција.

„Каде што никаде не се издава ни фискална, ни нитшо а ние плаќаме даноци, плаќаме секакви давачки кон државата, туристичка такса. Многу ги има кои не се пријавени и тие се нелојална конкуренција на нас. Таа сива економија едноставно го уништува хотелскиот туризам“, вели Марјан Трпески менаџер во хотелско угостителски објект.

Туристите со поделени мислења. Некои велат добиваат фискална сметка и без да побараат а некои велат бараат за да се заштитат од кражба, бидејќи има и поединци кои цените ги вадат од ракав.

„Добиваме фискална сметка секогаш, бидејќи сами ја бараме. Внимателни сме многу бидејќи еден вели 10 евра а другиот подоцна вели 25 евра па затоа земаме и ги чуваме сметките“, вели туристка од Холандија.

„Главно даваат, мислам не главно туку досега секогаш сме земале фискални сметки. Не користевме сè уште услуги на плажа ниту на брод не знаеме како е таму, но во продавниците, кафулињата и рестораните се е како што треба“ вели туристи од Србија.

„Да, секогаш ни даваат фискална сметка. Нема проблеми“, велат гости од Англија.

„Треба законски треба да издаваат ама не издаваат се по своја волја, се по своја волја“, вели еден Македонец.

„Јас кога одам добивам“, вели една Македонка.

Управата за јавни приходи апелира сите кои вршат промет со добра и услуги во готово да воведат употреба на фискален апарат.

Инспекторите на УЈП ќе продолжат со засилени контроли во туристичките центри.

Соња Рилковска