ИЈЗ

ИЈЗ: Реагенсите за тестирање заразни болести, се исправни

02.08.2024 17:00

Функционални се реагенсите во исклучените фрижидери здравје и истите може да се употребат за детекција на голем број заболувања-соопштија од Институтот за јавно здравје по добиените резултати. Обвинителството направило увид, вешти лица ќе испитуваат како коморите останале без електрично напојување. Истрагата треба да покаже дали има кривично дело ...

Реагенсите за тестирање заразни болести што беа во исклучените фрижидери се исправни – соопштија од Институтот за јавно здравје. Истите ќе може да се користат за детекција на голем број заболувања.

„Прочитани се добиените резултати и согласно истите се установи дека молекуларните тестови за детекција на голема кашлица, како и подлогите за култивација на бактерии, антибиотиците за изготвување антибиограми и сите реагенси кои се наоѓаа во исклучените фрижидери се функционални и може да се продолжи со нормално функционирање на одделението за бактериологија“, соопштија од ИЈЗ.

На потег е Обвинителството се прибира документација и се вршат разговори со лица што можеле да имаат сознанија за настанот. Доставен е и прелиминарен записник од Институтот за констатираната состојба. Директорката Андоновска по стореното дело се сомнева на саботажа од страна на некој од вработените. Симптоматично е вели што биле спуштени само осигурувачите поврзани со коморите.

Истрагата треба да ја расчисти енигмата, дали во конкретниот случај има елементи на кривично дело. Вешти лица ќе ги испитуваат и причините за прекинот во напојувањето.

 

 

Снежана Котовска