Сè уште беснеат пожари низ земјава
Сè уште активни пожари во земјава. Најалармантно атарот на селата Зелениград и Јамиште во пробиштипскиот регион. Поради тешко пристапниот планински терен се гасне континуирано во текот на денот со повеќе воздухоплови. Изминатиот месец, ЦУК регистрирал 620 пожари....

Сè уште беснеат пожари низ земјава. Активни се 6 на отворено, најалармантен е пожарот на Осоговските планини, на територијата на Пробиштип, во атарот на селата Зелениград и Јамиште. Пожарот е на планински непристапен терен, се гасне со повеќе воздухоплови.
Другите активни пожари се во општина Демир Хисар: врз пожарот на Илинска планина дејствуваме со 5 Ер трактори, гаснат локални пожарникари со поддршка на месно население. Со специјални теренски возила и поддршка од тимови од странство се гасне и пожарот во општина македонски брод, кај селата Тажево – Брезница.
Од Центарот за управување со кризи посочуваат дека ова лето имаме рекорден број пожари. Најмногу во јули 620, најбројни на 29 јули 66 пожари.
Наташа Гркова-Петрушевска
