Илинден

Пораки по повод празникот Илинден испрати и претседателот на Собранието, Гаши

02.08.2024 17:41

Заложбата на илинденците трае и денес, треба да не обедини патриотизмот и заедничка цел за подобра држава. Со пораки за обединување од Скопје од чествувањата на празникот, претседателот на Собранието Африм Гаши ...

Со пораки за обединување, претседателот на Собранието, Африм Гаши го честиташе Денот на Републиката. Илинден е семето на визионерството за заедништво и тој ни припаѓа на сите-истакна – вели Гаши и додаде „Да се издигнеме над состојбите и да најдеме фактори на обединување наместо разединување. Пред домашниот и дипломатскиот кор тој порача да се фокусираме на реформи за подобрување на квалитетот на животот на сите граѓани. „Мојот избор е да гледам напред, да се исправиме каде се погрешило, да трасираме нови патишта за биде многу подобро од како до сега“ – истакна Гаши.

„Ќе работиме на носење на закони кои ќе ја заживеат економијата и ќе донесат странски инвестиции во сите градови подеднакво во северна Македонија и ќе го поттикнат претприемаштвото и иновациите кај нашите млади. Кога зборуваме за младите, особен акцент ќе се стави на законите во сферата на образованието, зошто токму квалитетното образование е клучот за долгорочен развој, напредок и светска конкурентност на една држава“, изјави Гаши.

Патриотизмот е влог во државата преку чесна работа и добри одлуки оценува првиот човек на законодавниот дом. „Уште од првиот ден на независноста државата е определена кон евроатлантскиот пат. Членството во НАТО е резултат на таа определба. За членството во ЕУ убеден сум дека ќе изнајдеме решение-вели Гаши.

„Нашето членство во Европската Унија не е само политичка цел, тоа е посветеност на збир вредности и принципи кои ќе ја унапредат нашата држава. Патот до членство во ЕУ е пат кон економски просперитет, социјален напредок и посилна демократија“, изјави Гаши.

Пред споменикот на претседателот на Крушевската Република Никола Карев пред Собранието, бројни државни делегации положија цвеќе, по што следуваше настапот на академскиот хор Мирче Ацев и на Националната установа на албанскиот ансамбл на народни ора и песни.

 

Марина Стојанова - Тонева