Македонија

Сè уште активни пожари во земјава

03.08.2024 08:48

Сè уште беснеат пожари низ земјава. Изминатиот месец, ЦУК регистрирал 620 пожари …

Хеликоптерите на Одделот за воздухопловни единици на МВР фрлија преку 105 тони вода врз пожарите кај с. Семениште, Јасен и светиниколско.

Хеликоптерот Ми-171 дејствуваше во реонот на Св.Николе-Пробиштип и Јасен, а хеликоптерот Бел-412 дејствуваше во реонот на Сарај, кај село Семениште, информира МВР.

Од Центарот за управување со кризи посочуваат дека ова лето имаме рекорден број пожари. Најмногу во јули 620, најбројни на 29 јули 66 пожари. Се гасне со повеќе воздухоплови.