Македонија

Косово упати протестна нота, бара итно објаснување за инцидентот со претседателката Османи на скопскиот аеродром

03.08.2024 10:47

Во соопштението се наведува дека Османи единствено одбила да го даде на скенирање својот телефон, кој го користи како шеф на државата за официјални комуникации и за прашања од националната безбедност...

Претседателството на Република Косово излезе со соопштение до јавноста во кое ја изразува својата огорченост од „неприфатливите изјави на Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија“, како и од „пропагандата што се развива против Република Косово“ по инцидентот со претседателката Вјоса Османи на скопскиот аеродром.

Во соопштението се наведува дека Османи единствено одбила да го даде на скенирање својот телефон, кој го користи како шеф на државата за официјални комуникации и за прашања од националната безбедност. Косово исто така испрати и протестна нота до македонското МНР. Локалните медиуми пренесуваат дека косовската министерка за надворешни Доника Гервала се сретнала и со македонскиот вицепремиер Арбен Фетаи и побарала појаснување за случајот.

Министерката Гервала телефонски разговарала и со македонскиот министер за надворешни Тимчо Муцунски. Во протестната нота Косово бара најбрзи и најцелосни појаснувања за инцидентот на скопскиот аеродром.