Регионално поврзување на пазарот на капитал за побрз развој
Формирана е заедничка компанија преку која електронски ќе се врши прекуграничното пренасочување на налозите за тргување. Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во првата фаза додели грант од 540.000 евра...

Македонската, хрватската и бугарската берза регионално ќе се поврзат. Формирана е заедничка компанија преку која електронски ќе се врши прекуграничното пренасочување на налозите за тргување. Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во првата фаза додели грант од 540.000 евра.
„Овие средства пред се ќе се искористат за финансисрање на развој на едно технолошко решение, креирање на еден централен софтвер“, изјави директорот на Македонска берза, Иван Штериев.
Македонската берза е атрактивна за инвеститорите од регионот. Според Ивана Гажиќ од Загрепската берза, хрватските компании се заинтересирани за инвестиции во фармацефтската и прехранбената идустрија.
„Апсолутно постојат акции во Македонија кои се интересни за хрватските инвеститори. 2007-та и 2008-та година тие беа најбројни. Во Хрватска немаме фармацевтска компанија на Загребската берза“, вели Гажиќ.
Регионалното тргување се очекува да почне од наредната година, кога се очекува и останатите берзи од регионотда се приклучат.
„По две години преговарање дојдовме да го потпишеме договорот за грант вреден 540.000 евра“, рече Јацек Кубаш од Европска банка за обнова и развој.
Според анализите на Македонската берза, во периодот од 2008 до 2013 година, главниот берзански индекс МБИ 10 четири години бележи пад, а само два пати пораст. Во првите четири месеци од годинава забележа намалување. Целта на регионалното поврзување е да се обезбеди локален и регионален развој.
Дијана Ценевска
