Велика Британија
Насилни демонстрации во Сандерленд, Велика Британија
03.08.2024 18:11
Осум лица се уапсени, а тројца полицајци повредени. Полицијата синоќа ги смири страстите и во Ливерпул каде пред џамијата се собраа демонстранти и контрадемонстранти...

Сериозни и континуирани насилства во Сандерленд откако стотици демонстранти повторно излегоа на улиците и почнаа да дивеат палејќи полициска станица и автомобили, фрлајќи разни предмети врз полицијата во знак на револт за неодамнешните напади со нож во Саутпорт, каде беа убиени три девојчиња.
Осум лица се уапсени, а тројца полицајци повредени. Полицијата синоќа ги смири страстите и во Ливерпул каде пред џамијата се собраа демонстранти и контрадемонстранти.
Помала тепачка меѓу демонстрантите изби кога полицијата пристигна на местото на настанот.
