САД
Трамп најави дебата со Харис за 4-ти септември
03.08.2024 18:59
Трамп објави дека се договорил со телевизиската куќа „Фокс Њуз“ на 4-ти септември да има дебата со Камала Харис-очекуваната демократска кандидатка за претседател на САД...

Американскиот републикански претседателски кандидат Доналд Трамп објави дека се договорил со телевизиската куќа „Фокс Њуз“ на 4-ти септември да има дебата со Камала Харис-очекуваната демократска кандидатка за претседател на САД. Сè уште не е познато дали таа ќе го прифати повикот, но сигурно е дека официјално ќе ја прифати номинацијата за демократски кандидат следната недела откако ќе заврши виртуелната декларација, и со тоа ќе стане првата Афроамериканка и Азијка која ќе се кандидира за претседателската трка.
Синоќа претседателот на Демократскиот национален комитет и изборниот штаб на Камала Харис објавија дека е обезбеден доволен број делегатски гласови за нејзината демократска кандидатура на претстојните претседателски избори.
„Горд сум што можам да потврдам дека потпретседателката Харис заработи повеќе од мнозинството гласови од сите делегати на конвенцијата и ќе биде номинирана за Демократската партија по затворањето на гласањето в понеделник. Поддршката е без преседан. Само еден ден откако го отворивме гласањето, таа го надмина мнозинскиот праг и официјално ќе биде наш кандидат“, изјави Џејми Харисон, претседател на Демократскиот национален комитет.
