Љубителите на екстремни спортови добија модерен скејт парк
Љубителите на екстрамните спортови добија свое место во Скопје. Скејт паркот е направен по европски стандарди, влезот во него е бесплатен и ќе работи нонстоп 24 часа. Атрактивниот простор нуди добра забава и рекреација.

„Во текот на денот овде ќе има инструктори, кои што ќе се грижат за овој скејт парк и воедно ќе им даваат совети на оние кои започнуваат да се бават со овие активности. Овој скејт парк овозможува три вида на спортови, односно на три вида на забава. Едниот ќе биде со ролерки, вториот со скејтборди и третиот со БМХ велосипеди“, рече градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајновски
Елементите се водоотпорни што овозможува поголема трајност. Градот за овој проект издвои 5 милиони денари, и се погрижи за безбедноста на уличното возење на младите на локација која е специјализирана само за нив.
Анита Никушева – Јованчев