пожари
Сè уште активни неколку пожари во земјава
03.08.2024 14:09
Најкритично е во пробиштипските села Зелениград и Јамиште каде што гори дабова шума на непристапен терен...

Девет пожари се сè уште активни во земјава, пет се ставени под контрола. Најкритично е во пробиштипските села Зелениград и Јамиште каде што гори дабова шума на непристапен терен. Гори и еден крак на јасен, во општина Македонски брод, меѓу селата Тажево и Брзеница. Со пожарите се справуваа и жителите на општина Зелениково.
Известува Андријана Ѓурческа
