Прилеп

На пазарите стигна домашното земјоделско производство, на нивите нема кој да работи

03.08.2024 16:22

На пазарите стигна домашното земјоделско производство. Родот е задоволителен, иако жешкото време го зема данокот. Производителите најмногу ги плаши недостигот од работна рака. Се помалку има кој да работи на нивите …

Стигнаа домашните земјоделски производи на пазарите. Жешкото време си зеде данок, ама род има доволно. И за зимниците. Производителите ги плаши недостигот од работна рака. А и се помалку има купувачи. Цените, се прифатливи, велат, исплатливоста варира.

Оните што велат дека се целосно посветени, се задоволни од произведеното.

Производителите не стравуваат од нелојален увоз, има доволно простор да се пласира домашниот род. Само да има купувачи.

Според Светската организација за храна и земјоделство, ФАО, светските цени на храната последните два месеци речиси се непроменети. Пониски се на житариците, само на растителното масло и месото се зголемени.

 

Елизабета Митреска