сторија

Македонска докторка знаењето од Германија го преточува на државните клиники во земјава

03.08.2024 14:43

Во Германија е убава платата, системот функционира, се едуцирате и напредувате, но секогаш сте странци, вели младата докторка Христина Влавческа, која одлучи дека сака да работи во Македонија. Таа е основач на Македонското лекарско друштво во Германија, коешто треба да биде мост на соработка и можност за нашите лекари полесно да заминуваат на едукација...

Ова е докторката Христина Влавческа, основач на македонското лекарско друштво во Германија. За Дневникот на МТВ од Нинберг зборуваше во март годинава. Сега е тука, деновиве се сретнав со неа во паркот пред интерните клиники во Скопје, пред да и почне смената на Клиниката за ендокринологија. Таа е приватен специјализант, тука ќе работи за 26.000 денари. Ќе лекува луѓе, а нема здравствено осигурување, и додека работи не и тече ниту стаж. Не можев а да не ја прашам што претежна на тасот и ја натера да се врати.

Тоа што таа сега е тука не значи дека го напушта Здружението. Со нејзините македонски колеги во Германија, истакнати професори, здравствени работници, планираат интензивна соработка со Македонија.

Освен да ги сплоти лекарите за да се едуцираат, професионално да растат, друштвото има и повисока цел, да им помогне на нашите луѓе во Германија полесно, побрзо да дојдат до здравствена услуга, консултација, за кои во Германија се чека и со години.

 

Наташа Јанчиќ – Менковски