свет

Десетици загинати и ранети во бомбашки напад во Сомалија

03.08.2024 15:48

Нападот почнал со експлозија од самоубиствен бомбаш на влезот на хотелот, а останатите напаѓачи се обиделе да ја запоседнат зградата пукајќи во луѓето...

Најмалку 32 лица загинаа, а околу 63 се повредени во терористички напад на популарната плажа Лидо во сомалискиот главен град Могадишу. Нападот почнал со експлозија од самоубиствен бомбаш на влезот на хотелот, а останатите напаѓачи се обиделе да ја запоседнат зградата пукајќи во луѓето.

Властите соопштија дека напаѓачите се неутрализирани, а одговорноста ја презеде екстремистичката група „Ал шабаб“, поврзана со Ал Каеда.