Србија
Експлозија во воената фабрика „Крушик“ во Ваљево
03.08.2024 15:54
Од фабриката соопштија дека инцидентот немал пошироки размери, со што биле спречени сериозни повреди и материјална штета...

Осум лица се повредени откако експлодирала мина во производствен погон во српската воена фабрика „Крушик“. Од ургентниот центар во Ваљево велат дека работниците се со полесни повреди и ниту еден не е задржан во болница.
Во моментот на несреќата во просторијата имало дваесетина луѓе. Од фабриката соопштија дека инцидентот немал пошироки размери, со што биле спречени сериозни повреди и материјална штета.
Надлежното обвинителство покрена истрага за утврдување на причините за експлозијата.
