ЕУ-механизам за цивилна заштита

Евроамбасадорот Гир на утрински брифинг со воздухопловните тимови за противпожарните активности

03.08.2024 16:06

Евроамбасадорот Гир и директорот Ангелов утрово беа кај пилотите и директно на писта се запознаа со противпожарните активности ангажирани од ЕУ-механизмот за цивилна заштита и имале можност да ги видат леталата пред да почнат со нивните цели предвидени за денеска...

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска учествувал на редовниот утрински брифинг на националните и странските воздухопловни тимови и се запознал со нивните противпожарни активности, информираат од Центарот за управување со кризи. Евроамбасадорот Гир и директорот Ангелов утрово беа кај пилотите и директно на писта се запознаа со противпожарните активности ангажирани од ЕУ-механизмот за цивилна заштита и имале можност да ги видат леталата пред да почнат со нивните цели предвидени за денеска.

Директорот Ангелов му се заблагодарил на евроамбасадорот Гир за поддршката во здружените напори на националните и меѓународните сили за одбрана од огнената стихија во земјава, велат од ЦУК.