Градежните работи на патот Велес- Кадрифаково течат според планираната динамика
Покрај градбата на двата автопати, паралелно се работи на обновување и модернизирање на постоечката патна инфраструктура. Реконструкцијата и рехабилитацијата на делницата Велес- Кадрифаково се одвива според планираната динамика. Првата фаза е целосно завршена, интензивно се работи на втората, а наскоро започнува и третата. Вкупната инвестиција на овој инфраструктурен зафат е 14,67 милиони евра...

До крајот на 2015-та година регионалниот пат Велес- Кадрифаково ќе стане магистрална делница. Се работи на втората фаза на рехабилирацијата или пробивање на деветте километри. Новата делница ќе биде проширена, без црни точки, побезбедна и побрза за сообраќај.
„Досегашната широчина од 6,4 прераснува во 11,1 во дварта правци по 5,55 метри. Сето ова се прави да се елименираат црните точки, јаките свиоци и да се зголеми безбедноста на сообраќајот“, рече Љупчо Георгиевски, директор на ЈП за Државни патишта.
Покрај проширување на коловозните ленти, целосно ќе биде обновена и сообраќајната сигнализација. Вкупната инвестиција за рехабилитација на делницата од велешпката депонија до општината Лозово е 5,77 милиони евра.
Според статистиката оваа делница е една од најфрекфентните во Македонија, по неа дневно поминуваат по околу 5.000 возила, но таа е и една од најнебезбедните со 12 црни точки.
Наскоро започнуваат работрите и на делницата од Сарамзалино до Кадрифаково. Договорот со компанијата изведувач веќе е потпишан.
Дијана Иванова
