мвр

Приведен криминалец баран со меѓународна потерница

03.08.2024 21:06

Бил баран со меѓународна потерница од Интерпол, Тирана – Албанија за сторено кривично дело „недозволена трговија со дрога“...

Денеска околу 13.00 часот, на Граничниот премин Богородица при излез од РСМ, од страна на полициски службеници од слобода е лишен Е.А.(44) од Република Косово.

Е.А. бил баран со меѓународна потерница од Интерпол, Тирана – Албанија за сторено кривично дело недозволена трговија со дрога. Е.А. е задржан за понатамошна постапка, информираат од МВР.