Временска прогноза

Сончево со мала до умерена облачност

04.08.2024 08:25

Претежно во западните делови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претежно во западните делови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме.

Долж Повардарието и во источните делови ќе дува засилен северен ветер. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер.