Староградската архитектура во Крушево со уникатни апликации и посебности
Славното Крушево испишува историја и со посебната староградска архитектура. Уникатно, како речиси никаде, крушевските зографи со умешноста оставале белег, блиску до грбови на челните делови на куќите на видните крушевчани. Историскиот музеј истражува и документира...

Лавови, кози, митски суштества, грифони. На челните делови од староградските крушевски куќи познатите крушевски зографи ги изработувале посебните барања на видните крушевчани со што создавале историја, посебност. Староградската крушевска архитектура изобилувала со апликации, блиску до степен на грбови. Историскиот музеј документирал 80-тина, сега има само околу 30.
Надлежните сè уште испитуваат дали апликациите се поврзани со дејноста, занаетите на сопствениците.
Староградската крушевска архитектура е заштитено културно наследство.
Елизабета Митреска
