пожари
Сè уште има активни пожари во земјава
04.08.2024 09:34
Сè уште беснеат пожарите низ делови од Македонија. Надлежните на терен. Се интервенира и од земја и од воздух …

Сè уште има активни пожари во земјава, информираат од Центарот за управување со кризи. Сè уште е критично на Јасен и на Осоговски планини. Во Скопје активни беа неколку пожари. Во Зелениково, на екипите на терен се приклучија и доброволци.
Во охридско, најкритично е во селото Косел. Пожарот беше ставен под контрола, но силниот ветер ја прошири огнената стихија.
