МНР

МНР со апел до македонските државјани да го напуштат Либан

04.08.2024 10:09

Повика да не патуваат во Либан и да се напушти оваа држава во првата можна прилика...

Поради влошената безбедноста состојба на Блискиот Исток, македонското Министерство за надворешни работи и трговија со апел до нашите државјани. Повика да не патуваат во Либан и да се напушти оваа држава во првата можна прилика. Дополнително, македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел, да ги следат упатствата на националните безбедносни власти и во зависност од потребата и динамиката на безбедносната ситуација, да го напуштат Израел.

Додаваат дека за повеќе информации, на располагање се СОС дежурните телефони на Министерството – 075 273 732 и 075 268 736, како и дежурниот телефон на амбасадата во Тел Авив +972 54 926 7378. Министерството ќе продолжи да ги следи состојбите во Либан, Израел и регионот и навремено да ги информира нашите државјани за евентуални насоки за постапување, соопштуваат од МНР.