мвр

Акциска контрола во тетовско, приведени странски државјани

04.08.2024 11:37

Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка, по што ќе следат соодветни поднесоци...

Денеска од 01 до 04 часот полициски службеници од СВР Тетово спровеле акциска контрола во ноќен клуб во тетовско Желино, со цел откривање на странски државјани со нерегулиран престој во подрачјето или злоупотреба на престојот.

При тоа биле затекнати и приведени 18-странски државјанки на возраст од 24 до 26 години и тоа: две од Србија, седум од Украина, 10 од Албанија, а приведено е и едно машко 46-годишно лице од Албанија, кои престојувале на подрачјето спротивно на целта, односно немале соодветна документација.

Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка, по што ќе следат соодветни поднесоци, информира МВР.