Охрид

Трет ден гори шумата над селата Косел и Опеница

04.08.2024 13:20

Пожар беснее над селата Опеница, Косел, Куратица и Росино. Во гаснењето на огнената стихија е вклучен и хеликоптер, а со механизација се прави земјена бариера за спречување на проширувањето на огнот...

Веќе неколку дена гори и во охридскиот регион. Пожар беснее над селата Опеница, Косел, Куратица и Росино. Во гаснењето на огнената стихија е вклучен и хеликоптер, а со механизација се прави земјена бариера за спречување на проширувањето на огнот. Каква е состојбата таму, во Дневникот известува Соња Рилковска.