Мицкоски: Неодговорно однесување на ДУИ
Коментирајќи ги иницијативите на ДУИ за принципот „победник со победник“ да влезе во правниот систем и за територијална реорганизација според белгиски модел, Мицкоски истакнува дека демократијата не оди заедно со овој принцип бидејќи коалиционите партнери од минатата власт беа делегитимирани на избори и во име на парламентарната демократија поразените треба да одат во опозиција...

Неодговорното однесување на ДУИ претставува закана за мирот и стабилноста, а суштината на тоа однесување е да се заштити капиталот стекнат во 20 години власт, вели премиерот Мицкоски во интервју за „Фокус“.
„Ќе ги преземеме сите неопходни мерки како Влада, за да го заштитиме суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија како држава. Но, во суштина, овие пораки се обид грчевито да се брани богатството стекнато во изминативе 20 години на власт“.
Коментирајќи ги иницијативите на ДУИ за принципот „победник со победник“ да влезе во правниот систем и за територијална реорганизација според белгиски модел, Мицкоски истакнува дека демократијата не оди заедно со овој принцип бидејќи коалиционите партнери од минатата власт беа делегитимирани на избори и во име на парламентарната демократија поразените треба да одат во опозиција.
Прашан дали се очекуваат протести за овие прашања, Мицкоски одговори дека има такви информации, но ако истите се мирни и демократски, тие се легитимни. Сè додека се демократски и мирни, тие се легитимни, доколку преминат во насилни, како Влада имаме право да го браниме територијалниот интегритет и суверенитет на државата, потенцира Мицкоски во интервју за „Фокус“.
