Во земјава нема Центар за изгореници
Пациентите со изгореници се третираат на Клиниката за пластична хирургија и во старата Градска болница во Скопје. Во државата сега нема Центар за изгореници, но по сите стандарди имало пред 24 години, во поранешната Воена болница. Откако дел од болницата поминал во приватната здравствена установа „Филип Втори“, граѓаните го изгубиле Центарот за изгореници. Со заложба на некои лекари во 2000 година формиран е нов Центар, во старата Градска болница во Скопје. Но, тој е затворен поради реконструкција во здравствената установа. Оние коишто имале сериозни повреди од изгореници, од Фондот за здравство барале пари да заминат на лекување во странство...

Златко Димов, жител на Сирково, се здоби со изгореници гаснејќи го пожарот во шумата над селото. По укажаната прва помош во кавадаречката болница, бил префрлен во Скопје, на Универзитетската клиника за пластична хирургија. Во текот на болничкото лекување за него се грижел професорот Боро Џонов. Тој вели дека една од првите работи којашто им ја кажува на предавањата на студентите е дека во земјава немаме Центар за изгореници.
Доколку се исклучително тешки пациенти, ги третира КАРИЛ. Но, ризикот е ист – повторно се на одделение со другите пациенти.
Сега нема, но ваков Центар по сите стандарди имало и во Македонија, пред 24 години, во поранешната Воена болница. Откако дел од болницата поминал во приватната здравствена установа „Филип Втори“, граѓаните го изгубиле Центарот за изгореници. Со заложба на некои лекари во 2000 година формиран е нов Центар, во старата Градска болница во Скопје. Но, тој е затворен поради реконструкција во здравствената установа.
Оние коишто имале сериозни повреди од изгореници, од Фондот за здравство барале пари да заминат на лекување во странство. И од здравствената каса биле одделувани средства за оваа намена. Иако побаравме, од Министерството за здравство не добивме одговор за Центар за изгореници.
Наташа Јанчиќ-Менковски
