Македонија

Курти утре доаѓа во Скопје на прва официјална средба со македонскиот премиер Мицкоски

04.08.2024 18:33

Во делегацијата со косовскиот премиер доаѓа и министерката за надворешни Доника Грвала преку која Косово завчера испрати протестна нота до Македонија поради инцидентот што се случи на скопскиот аеродром со претседателката на Косово, Османи...

Косовскиот премиер Албин Курти утре доаѓа во Скопје на прва официјална средба со македонскиот премиер Христијан Мицкоски, а на неа ќе присуствуваат и членови на македонската влада од редовите на коалицијата „Вреди“. Во делегацијата со косовскиот премиер доаѓа и министерката за надворешни Доника Грвала преку која Косово завчера испрати протестна нота до Македонија поради инцидентот што се случи на скопскиот аеродром со претседателката на Косово, Османи.

МНР веќе соопшти дека институциите работат на случајот и наскоро ќе има разрешница.