САД забранија внесување на исклучени мобилни телефони во авионите

07.07.2014 15:55

Припадници на јеменскиот огранок на Ал Каеда на Арапскиот полуостров, смислиле како да ги претворат мобилните телефони во експлозивни направи и да избегнат детектирање на аеродромите...

Поради загриженост дека Ал Каеда има произведено нови видови на бомби кои можат да ги помнат безбедносните проверки на аеродромите, САД донесоа одлука да не се дозволува внесување на исклучени мобилни телефони во американските авиони, од некои аеродроми во Европа, Блискиот Исток и Африка.

Стравувањата на американските безбедносни структури доаѓаат од уверувањето дека припадници на јеменскиот огранок на Ал Каеда на Арапскиот полуостров, смислиле како да ги претворат мобилните телефони во експлозивни направи и да избегнат детектирање на аеродромите.

Властите ги издвоија смартфоните – „Ајфон“ на компанијата „Епл“ и „Галакси“ телефоните на компанијата „Самсунг електроникс“ кои ќе бидат предмет на дополнителни безбедносни проверки на директните летови кон САД од Европа, Блискиот Исток и Африка.

И други електронски апарати кои ќе ги внесат патниците во авионите, би можеле да бидат предмет на „интензивен надѕор“ и од патниците може да биде побарано да ги вклучат лап топите, ајподовите, таблет компјутерите и електронските читачи на книги „киндл“.