УКРАИНА

Зеленски: Војната со Русија мора да заврши подн аши услови

04.08.2024 20:28

Во напад со дрон во Белогород загина едно лице, јавува Москва. Војната со Русија мора да заврши под украински услови-изјави Зеленски барајќи дозвола од партнерите да распореди ракети со долг дострел.

Русија ги концентрира силите во правец на Харков додека нејзината војска напредува во Чаосв Јар и врши силен притисок врз украинската одбрана во регионот на Доњецк. Гранати и дронови паѓаат и на двете страни. Украина потврди дека има оштетувања на железничката инфраструктура во областа Полтава, додека во руската област Ростов гори магацин за гориво по напад со украинско беспилотно летало. Во напад со дрон во Белогород загина едно лице, јавува Москва. Војната со Русија мора да заврши под украински услови-изјави Зеленски барајќи дозвола од партнерите да распореди ракети со долг дострел.

„Потребна ни е оваа одлука за да можеме да ги искористиме сите оружја што можат да бидат ефективни. Мораме да ги заштитиме животите на нашиот народ и да ја завршиме војната под украински услови. И секој удар што прецизно ќе одговара на руските воздушни бомби, што ќе ја уништува руската логистика и бази, и ќе го отежнува окупаторот да остане на нашата земја – секој таков удар го приближува праведниот крај на војната“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.