Македонија

Косовскиот премиер Курти во работна посета на Македонија

05.08.2024 08:24

Курти денеска ќе престојува во работна посета на Македонија – информација што ја потврдија од двете влади во Скопје и Приштина...

Косовскиот премиер Албин Курти денеска ќе престојува во работна посета на Македонија – информација што ја потврдија од двете влади во Скопје и Приштина.

Портпаролот на косовската Влада, Перпарим Криезиу за косовските медиуми изјавил дека Курти во Скопје ќе има билатерална средба со премиерот, Христијан Мицкоски, со кого ќе разговараат за билатералните односи, регионалната соработка и инфраструктурните проекти од интерес на Приштина и Скопје.

Реализацијата на оваа посета била договорена на 20 јули.

На средбата ќе присуствуваат и членови на македонската влада од редовите на коалицијата „ВЛЕН“. Во делегацијата со косовскиот премиер доаѓа и министерката за надворешни Доника Гервала преку која Косово завчера испрати протестна нота до Македонија поради инцидентот што се случи на скопскиот аеродром со претседателката на Косово, Вјоса Османи.