Украина

Украина собори 24 беспилотни летала лансирани од Русија

05.08.2024 09:53

Украинските сили во текот на ноќта соборија 24 беспилотни летала лансирани од Русија во правец на Киев, Виница, Кировоград, Харков, Суми, Полтава и Днепар...

Украинските сили во текот на ноќта соборија 24 беспилотни летала лансирани од Русија во правец на Киев, Виница, Кировоград, Харков, Суми, Полтава и Днепар.

Две лица се повредени при напад на Никопол. Во меѓувреме украинските воздушни сили почнаа да управуваат со борбените американски авиони ф-16 што пристигнаа во земјата. Москва предупредува дека може да дојде време кога Русија ќе мора да распореди нуклеарни ракети како одговор на активностите на Западот, додека сојузниците на Киев продолжуваат да испраќаат оружје,.

„Она што беше нашата амбиција, нашата одбрана сега е реалност на нашето небо. Благодарам на партнерите кои навистина помагаат со F-16 и на земјите кои први го истакнаа нашето барање за обезбедување авиони“, изјави Володимир Зеленски -претседател на Украина.