Велика Британија

Британскиот премиер свика итен состанок на Комитетот за итни случаи по масовните немири во земјата

05.08.2024 09:56

Протестите почнаа по лажните информации на социјалните мрежи дека осомничениот за нападот со нож во Саутпорт е радикален муслимански мигрант...

Британскиот премиер Кир Стармер свика итен состанок на Комитетот за итни случаи по масовните немири во земјата за време на викендот откако демонстрантите се обидоа да упаднат во хотелите во кои се сместени баратели на азил.

Протестите почнаа по лажните информации на социјалните мрежи дека осомничениот за нападот со нож во Саутпорт е радикален муслимански мигрант, по што прераснаа во масовни нереди со палење, грабежи и напади.

Повредени се и многу полицајци, а уапсени над 150 луѓе. Ова се најмасовните немири во земјата во последните 13 години.