Тропската бура Деби се засили во ураган и движи кон Флорида
На крајбрежјето силниот ветер и дожд веќе ги направија првите штети. Паднати се дрвја врз автомобили, поплавени се улици, а синоптичарите предупредија дека обилните врнежи може да предизвикаат катастрофални поплави во Флорида...

Тропската бура Деби се засили во ураган од прва категорија додека се движи низ Мексиканскиот Залив кон Флорида. На крајбрежјето силниот ветер и дожд веќе ги направија првите штети. Паднати се дрвја врз автомобили, поплавени се улици, а синоптичарите предупредија дека обилните врнежи може да предизвикаат катастрофални поплави во Флорида, Јужна Каролина и Џорџија.
„Дополнително зајакнување сè уште се очекува. Ова бавно движење ќе исфрли историски количини врнежи насекаде во оваа виолетова област. Набавете ги вашите залихи сега за да останете дома во следните неколку дена, не излегувајте по патиштата, особено не ноќе“, изјави Џејми Ром – заменик-директор на Националниот центар за урагани.
