ЛОИ- тенис
Новак Ѓоковиќ со златен медал на ЛОИ 2024
05.08.2024 11:03
Новак Ѓоковиќ во спектакуларен меч беше подобар од Карлос Алкараз (Шпанија) и со 7:6, 7:6 стигна до првото злато во кариерата...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во спектакуларен меч беше подобар од Карлос Алкараз (Шпанија) и со 7:6, 7:6 стигна до првото злато во кариерата на Олимписките игри.
На крајот од мечот, на победничкиот подиум им се придружи и Лоренцо Музети од Италија, кој го победи Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим со 6:4, 1:6, 6:3.
Откако Ѓоковиќ го имаше златниот олимписки медал околу вратот, следуваше моментот кој го чекаше цела кариера, кога од највисокото скалило на победничкиот подиум на Олимписките игри ја слушаше химната на Србија.
