Koшарка

Македонија ја совлада Австрија во финалето на Европското првенство „Б“ дивизија

05.08.2024 12:09

Кошаркарска репрезентација на Македонија ја совлада Австрија во финалето на Европското првенство „Б“ дивизија со 98-88 и го освои пехарот на натпреварувањето ...

Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија ја совлада Австрија во финалето на Европското првенство „Б“ дивизија со 98-88 и го освои пехарот на натпреварувањето кое во изминатиов период се одржуваше во главниот град на земјава.

Македонците беа подобар противник од Австријците во меч во кој целосно доминиравме од почетокот до крајот.

Нашиот национален тим забележа осум победи на осум средби, а покрај над Австрија во финалето, во нокаут-рундата славеше над Португалија и Бугарија, а претходно во групата ги доби Ирска, Кипар, БиХ, Чешка и Украина.

Најдобар стрелец во финалето беше капитенот Никола Јаничиќ со 30 поени, пред Стефан Стојковиќ со 15 поени.

 

 

 

 

 

 

 

Фото: / ФБ Кошаркарска Федерација на Северна Македонија