Судски совет

На денешната седница за избор на член на Судски совет, единствената кандидатка судијката Џенета Бегтовиќ

05.08.2024 12:44

Судијката Џенета Бегтовиќ од Основен кривичен суд Скопје е единствената кандидатка од листата по објавен оглас за избор на член на Судскиот совет од редот на судиите припадници на заедниците кои се помалку од 20 проценти од населението...

На денешната седница на Советот на која беше заклучен Судскиот изборен именик и беше формирана Комисија за спроведување на избор беше донесена и одлука изборот да се одржи на четврти септември 2024 година. Судијката Џенета Бегтовиќ од Основен кривичен суд Скопје е единствената кандидатка од листата по објавен оглас за избор на член на Судскиот совет од редот на судиите припадници на заедниците кои се помалку од 20 проценти од населението, утврди денеска на седница Судскиот совет. Изборот е закажан за четврти септември.

Покрај ова, на денешната седница беше утврден и престанок на судиска функција поради исполнување на услови за старосна пензија на судијките Анита Данилова од Виш Управен суд и Светлана Попоска од Основен суд Струга.

Со денешната одлука на Судскиот совет, судијката Виолета Илиевска од Вишиот управен суд, беше определена за в.д. претседателка на Судот.

Денеска беа избрани и двајца судии поротници на Апелацискиот суд Скопје.