Алое вера за зајакнување на имунитетот
Повеќе од десетина години се испитуваат лековитите материи што ги содржи алоето и за среќа на човештвото се откриени повеќе позитивни резултати. FDA (Food and Drug Administration) – прехрамбената и фармацевтската лабараторија го одобри користењето во лечење на заболувањето на очите, во спортската медицина, стоматологијата и за интерна употреба. При тоа треба да знаеме дека смериканската FDA е една од најстрогите институти за контрола на храната и лековите во светот. Во внатрешноста на листот, се наоѓа гелот кој содржи преку 200 корисни материи.

Повеќе од десетина години се испитуваат лековитите материи што ги содржи алоето и за среќа на човештвото се откриени повеќе позитивни резултати. FDA (Food and Drug Administration) – прехрамбената и фармацевтската лабараторија го одобри користењето во лечење на заболувањето на очите, во спортската медицина, стоматологијата и за интерна употреба. При тоа треба да знаеме дека смериканската FDA е една од најстрогите институти за контрола на храната и лековите во светот. Во внатрешноста на листот, се наоѓа гелот кој содржи преку 200 корисни материи. Така во внатрешноста на листовите на алое вера има:
- витамини (бета каротин, Б1, Б2, Б3, Б6, Б9, Б12, и антиоксидантите Ц, Е);
- минерали и олигоелементи, како: фосфор, магнезиум, калиум, натриум, железо, бакер, хлор, манган, хром, цинк;
- моно и полисахариди: целулоза, гликоза, маноза, алдонентоза, алиназа, рамноза, ацеманан;
- шеќери: муко – полисахариди, кои делувааат врз имунолошкиот систем и помагаат за детоксификација;
- од 8 есенцијални аминокиселини содржи 7, а од 14 неесенцијални аминокиселини содржи 11;
- ензими: аналгетик, антифлогистик, имуностимулатор;
- растителни стероли: три видови кои делуваат како моќни антиинфламаторни агенси;
- сапонини: моќни антимикробски ефект против бактерии, вируси, габички и воспаленија како кандида.
Со количеството на корисни витамини и минерали алоето ја делува имуностимулативно на човечкиот организам. Со почетокот на внесување на алоето преку дигестивниот тракт, помага кај варењето на храната, абсорбција на хранливите материи, витамини и минерали. Го зајакнува имунолошкиот систем во смисла на одбрана од многу болести и го подобрува дејството на лековите во организмот. Го нормализира функционирањето на организмот и целокупниот систем на органите без токсични појави и дополнителни нус појави. Алое вера го дополнува во организмот тоа што недостасува со исхраната, делува како имуностимуланс, како антиоксиданс и има специфични дејства кои сегашната медицина не може да ги објасни.
Лековитите својства на алое вера се познати уште од античките времиња. Неа ја употребувале старите Египќани, а во тропската Африка се користела како противотров од убодите на отровните стрели. Старите Грци и Римјани ја применувале за заздравување на раните. Исто така, таа се користела и заради благотворното дејство врз системот за варење. Алоето е природен лаксатив кој дејствува како тоник на желудникот.
Денес, алоето има широка примена, особено заради својството да ги лекува изгорениците предизвијани од УВ зраци и радијација. Сокот од листовите на алое е одлично средство за прочистување на цревата и е многу корисен во случај на запек. Покрај тоа, алоето е идеален во домашни услови како прва помош за изгореници и рани, гелот од алое вера се употребува и при габични инфекции, а помага и при воспалувања на вените. Гелот од алое вера се користи и во лекување на чиревите и инфекциите на устата. Алое вера го јакне одбрамбениот механизам кај човекот, т.е. го зајакнува имунитетот, а со тоа помага за одржување на здравјето кај човекот.
