Во Скопје сè уште најголем број заболени од голема кашлица
Речиси 75 проценти од заразените, заболени од голема кашлица има во Скопје. Инфицирани има и во 22 града низ државава, стои во последниот извештај на Институтот за јавно здравје...

Сè уште најголем број заболени од голема кашлица има во Скопје, речиси 75 проценти од заразените се во овој град. Но инфицирани има и во 22 града низ државава, стои во последниот извештај на Институтот за јавно здравје. Најмногу во Скопје, Куманово и Тетово, каде што и е прогласена епидемија.
Најголем број заболени се на возраст до 4 години. 85% од децата морале да се лекуваат во болница, во просек по 9 дена. Повеќе од половина од нив во Клиниката за белодробни заболувања кај деца во Козле.
Освен големата кашлица, мака на родителите им задаваат и стомачните вируси. Кога не работат матичните лекари совети и помош бараат во Итната медицинска помош.
Температурните разлики остануваат водечка причина за голем број интервенции на лекарите од брзата помош.
Наташа Јанчиќ-Менковски
