Подигнато нивото на безбедност во светот
Според Ѓурчевски светот тргна во еден многу лош правец, се движиме кон глобална војна – ова би било најлошото сценарио доколку состојбата меѓу Израел и Иран не се стабилизира...

Од Министерството за надворешни работи велат дека во изминативе 24 часа до нив не стигнало ниту едно барање за помош од наши државјани од Либан.
„Ве информираме дека до Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, досега не е пристигнато барање за асистенција при извлекување македонски граѓани или пак информација за лица кои се наоѓаат на територијата на Либан“, соопштија од МНР.
Доколку воените конфликти се прошират на Блискиот Исток на глобален план, тоа би претставувало силен безбедносен ризик и за нашата земја како членка на НАТО Алијансата-вели експертот по безбедност Љубомир Ѓурчевски.
„Ние сме блиску бранот на бегалци нема да не одмине, на делот на рутата сме. Сето тоа мора да се има предвид. Ги повикувам МВР, Агенцијата за национална безбедност, агенцијата за разузнавање и МО да си ги зголемат своите активности и да ги известуваат своите граѓани“, изјави Ѓурчевски.
Нашите граѓани да се држат до препораките, Блискиот исток па дури и средоземнјето, граѓаните да се воздржуваат од патувања, па дури и кон Египет и Северна Африка.
Според Ѓурчевски светот тргна во еден многу лош правец, се движиме кон глобална војна – ова би било најлошото сценарио доколку состојбата меѓу Израел и Иран не се стабилизира.
Постојаните членки на Советот за безбедност треба, да седнат да разговараат и да ја спасат безбедноста на светот, да се избегнат војни, да се избегне употреба на атомското оружје. На оваа планета има место за сите, вели Ѓурчевски.
Марина Стојанова-Тонева
