Најголем дел од пожарите на отворено се последица на човечки фактор
Пироманите не се многу на број, но пеколот и штетите што ги предизвикуваат се со несогледливи последици. Психолозите велат, страста е предизвикана од нарушувањето на некои инстинкти, па затоа пироманството е сместено во групата на болести со нарушено ментално здравје.

Научната статистика вели дека 90 отсто од пожарите на отворено се последица на човечки фактор. Еден мал дел се од невнимание, а останатото е дело на пироманите. Дали тоа е само поради неконтролираната страст или се работи за тешка болест на која се робува.
Кај оваа патолошка категорија, едноставно постои неспособност да се контролира желбата да се потпалува, а потоа да уживаат во штетите што се предизвикуваат по општествениот и приватниот имот, неводејќи грижа дека посегнуваат и по човечки животи, велат експертите.
Одредени алатки за лекување постојат, но за жал пироманите се недостапни за терапија сè додека не бидат фатени на дело при извршувањето на тешкото кривично дело.
Универзитетската професорка, вели има чести случаи кога некој потпалува од други побуди, да се нарече пироман како олеснителна околност. Но, преку дијагностичките научни методи тоа лесно се открива.
Стевче Митревски
