мвр
Заталкан куршум пронајден во двор во Студеничани
05.08.2024 16:04
А.Б.(34) од с. Батинци, општина Студеничани, пријавил дека во неговиот двор пронашол заталкано зрно од огнено оружје, кое го оштетило ветробранското стакло од неговото возило „фолксваген транспортер“ со скопски регистарски ознаки...

Вчера во 20.40 часот во СВР Скопје, А.Б.(34) од с. Батинци, општина Студеничани, пријавил дека во неговиот двор пронашол заталкано зрно од огнено оружје, кое го оштетило ветробранското стакло од неговото возило „фолксваген транспортер“ со скопски регистарски ознаки.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.
