Собрание

Заврши амандманската расправа за ребаланс на Буџетот

05.08.2024 16:44

Администраторите од избирачките одбори ќе добијат надомест за своите активности. Ќе има пари за платеното политичко рекламирање...

Од поднесените амандмани за прекројувањето на државната каса, два добија зелено светло. Администраторите од избирачките одбори ќе добијат надомест за своите активности. Ќе има пари за платеното политичко рекламирање. Ова беше дел од Комисиската расправа за ребалансот на Буџетот.

За ребалансот беа поднесени вкупно 58 амандмани. За предлозите на опозицијата, од власта велат дека се комични и се однесуваат на проекти кои веќе се реализираат или немаат никаква врска со состојбата на терен.