мвр
Приведено лице барано со потерница за казна затвор од три години и шест месеци
05.08.2024 21:18
Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа...

Денеска полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје околу 14:40 часот на територија на општина Гази Баба во Скопје го лишија од слобода Л.Т. (20) од Скопје, лице барано со централна потерница по наредба од Основен кривичен суд-Скопје за казна затвор од три години и шест месеци, за кривично дело во врска со чл. 300 ст. 2 в.в. член 297 ст. 1 од КЗ.
Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа, информираат од МВР.
