МЗШВ

Трипуновски оствари средба со турска компанија која е заинтересирана за инвестиција во Македонија

05.08.2024 20:53

Се работи за компанија којашто има годишен обрт од над 40 милиони долари и извезува свои производи во 30 земји во светот...

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со претставници на компанија којашто произведува и преработува лешник и кондиторски производи.

Се работи за компанија којашто има годишен обрт од над 40 милиони долари и извезува свои производи во 30 земји во светот.

На средбата се зборуваше за големиот интерес за инвестиција во нашата земја.

Турските бизнисмени ја претставија својата бизнис инвестиција со посебен акцент во делот на откуп, производство и преработка на лешник со визија за да отворат фабрика за кондиторски производи.

Се разговараше за бенефициите, потенцијалот, но и за фактичката состојба за производство и продажба на лешник, откупна цена и соработка со македонските производители на лешник.

Отвораме нови пазари за македонските земјоделци, заедно до стабилно и зголемено производство- се вели во соопштението од Министерството.