Политика
По изјавите на премиерот Христијан Мицкоски, реагираа од ДУИ
05.08.2024 21:30
Од партијата велат дека ќе ги преземат сите демократски мерки за да го спречат понижувањето на Албанците преку наметнување на вазали...

По изјавите на премиерот, реагираа од ДУИ. Од партијата велат дека ќе ги преземат сите демократски мерки за да го спречат понижувањето на Албанците преку наметнување на вазали. ДУИ како државотворна партија е гарант за мирот, стабилноста, благосостојбата и европската иднина на земјата.
Без да ги коментираме политичките спинови, сакаме да појасниме дека имаме мандат и одговорност од албанските гласачи за заштита на легитимитетот, политичката волја и достоинството на гласот и албанскиот народ во земјава, велат од ДУИ.
