Временска прогноза

Сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност

06.08.2024 08:28

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 37 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе има вредност 8...

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 37 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе има вредност 8.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 35 степени.